Schedule/mk

From Wikimania 2012 • Washington, D.C., USA
Распоредот за Викиманија 2007. Автор: Кет Волш

Следниве информации за програмот и распоредот на Викиманија 2012 се во нацртна состојба.

Преглед

Конференциите „Викиманија“ претставуваат посебна можност за заедницата на Викимедија и нејзините проекти (вклучувајќи ги Википедија, Викикниги, Викивести, Викиречник, Викивидови, Заедничката Ризница и МедијаВики) да остварат средба предводени од заедничките цели, и да осмислат подобар начин на меѓусебна соработка на меѓународно ниво. Програмскиот распоред на Викиманија 2012 е превиден да им даде прилика на нејзините учесници активно да се вклучат во тематиката и амбиентот, но, најважно од сè, да се зближат меѓусебно. Вашингтон, како зборно место, игра важна улога во општите цели на конференцијата Викиманија бидејќи поттикнува интерес кај владата и кај разни дејци од областа на културата, медиумите и академските кругови.

Во согласност со целите и тематиката, програмот ќе содржи традиционални конференциски настани како презентации, семинари, панел-дискусии и плакатни седници. Предвиден е салонски простор и паузи, кадешто ќе се собираат учесниците. Новина е денот на затворање наречен „Отконференција“ (Unconference) на кој присутните можат да изработат свој распоред и да учествуваат во збиднувања од заеднички интерес. Програмскиот комитет однапред ќе ги разгледа поднесените презентации и ќе одлучи кои од нив се прифатливи. Оние чии презентации не се прифатени ќе имаат прилика да ги претстават нивните идеи на отворениот дел од конференцијата наречен „Насоки“ (Tracks).

VIII Викиманија ќе се одржи од 12 до 14 јули 2012 во Вашингтон. Повеќе информации ќе најдете на главната страница.

Траење на презентациите

Поради големиот број на поднесени активности на ланската Викиманија, овогодишните презентации може да траат највеќе по 25 минути, вклучувајќи го времето одвоено за прашања. Може да побарате повеќе време, но поголема е веројатноста дека ќе прифатиме пократни поединечни презентации.

Ова не важи за воведничарите, панел-дискусиите и работилниците. Тука мора да се поднесат 70-минутни презентации, или во облик на панел-презентации со тројца говорници или во облик на работилници со јасно зацртан наставен план.

Насоки

Насоките (tracks) на Викиманија служат за организирање на поднесените презентации и за да се добие поразнолика публика. Вака се осигуруваме дека презентациите од конкурентен интерес не се косат временски. Предложени се пет насоки:

Викијата и јавниот сектор

Вашингтон, како место на одржување на Викиманија 2012 нуди посебна можност за оние што работат за општествената благосостојба, во утврдувањето на политиките, во владата, во непрофитниот сектор и од областа на справувањето со катастрофи да ги споделат своите искуства при соработката на локално, државно или меѓународно ниво. Викијата и придружните технологии се покажаа како суштински во справувањето со кризни состојби и во постојаното деување на граѓанското учество во државната и локалната управа, како и во долгорочните цели во образованието, јавната политика, општественото претприемаштво и развојот на глобалниот југ и ширум светот. Оваа насока разработува на кои сè начини проектите на Викимедија и поврзаните активности можат да им помогнат на граѓаните во светот.

GLAM (галерии, библиотеки, архиви, музеи) и културното општествено делување

Оваа насока има за цел да пружи поддршка во тековните општествени делувања на галериите, библиотеките, архивите и музеите (GLAM) и да изгради ентузијазам за понатамошна работа на овој план. Презентациите и панел-дискусиите ќе ги претстават делотворните методи на општествено делување (досег) и резултатите од тековните активности, како и замисли за идните одредници на овие напори. Од посебен интерес се следниве теми: вики-технологијата како алатка за зачувување на културните богатства; употреба на викија во музеите и библиотеките за раководење со информациите за општественото добро; правни и авторски проблематики; употреба на содржини во проектите на GLAM, образованието, новинарството и истражувањата; судирот помеѓу разни закони што едновремено важат за еден ист вики-систем. Во состав на оваа насока може да се одржат и посети на разни организации во Вашингтон пред, по или во текот на конференциските вечери.

Вики-културата и заедницата

Зошто луѓето учествуваат во проектите на Викимедија? Како заедницата да се шири и развива, истовремено задржувајќи го својствениот културен етос? Оваа насока ја разгледува социологијата на вики-културата и заедницата, и така претставува своевиден форум каде практично заангажираните и истражувачите можат да ги споделат своите искуства за тоа како најдобро се раководи со заедницата, како се придобиваат луѓе, како се поттикнува учеството и како се резрешаваат споровите. Од значење за оваа насока е размотрувањето и оценката на разни вики-култури, како и илустрирањето на судирите помеѓу вики-заедниците и ограноците. Особено внимание ќе биде посветено на јазовите помеѓу разните заедници, особено на полова и старосна основа; во контекст на ова, особено ги повикуваме оние со презентации на тема учество на лица од женскиот пол и тинејџери, претставителните улоги во заедницата, и употребата на викијата како алатка за дијалог помеѓу разни полови и старосни групи.

Истражување, анализа и образование

Во последно време може да се забележи значајно зголемување во делокругот на истражувањето и анализата на тема викија, а викијата сè почесто се воведуваат во образовните установи како дел од наставата и, поформално, преку програмот „Универзитетски претставник“ (Campus Ambassador Program). Академската атмосфера на избраното место на одржување им дава посебна можност на истражувачите што работат на оваа област да ги претстават своите трудови и панел-дискусии на публика која е добро запознаена со материјата. Истражниот дел на ова насока опфаќа најразлични теми, меѓу кои се: технички развој, философија и општествените науки, комуникациите, раководење со заедници и соработка, информатика, како и широк дијапазон на други области. Практичната стран на насоката опфаќа: учество на стручњаци и начини на придобивање на учеството на стручната јавност; Викиуниверзитетот и други високообразовни викија; вики-извори како ресурси во академската и истражната практика; приоди кон подобрувањето на соработката во рамките на истражните установи и универзитетите; придонеси во квалитетот на содржините и други области.

Технологија и инфраструктура

Технологијата и инфраструктурата играат суштинска улога во успехот на проектите на Викимедија и другите примени на вики-технологијата. Оваа насока ги опфаќа и истражувањето и практиката, со цел да ги изложи примените на технологијата, теориите од таа област, но и да претстави нови примени на постоечките технологии и технологиите во развој. Покрај ова, ќе се обрати посебно внимание на нивната примена за излегување во пресрет на корисникот и неговите потреби, како подобрување на севкупното искуство на корисниците. Проблематики и области од особена важност за оваа насока се: OTRS, развој на МедијаВики, семантички викија, зголемена реалност (Augmented Reality, AR) на основа на вики, употреба на QR-кодови, Википедија за мобилни уреду, осмислување и уредување на кориснички посредници, ВикиЉубов, Течни нишки и поврзани тежишни точки од технички интерес.

Информации за распоредот

  • Учеството на Хакерските денови пред конференцијата и Затворањето е слободно за сите учесници. Програмот за овие денови ќе биде претежно неформален.

Претконференциски распоред

Викенд во Њујорк, 6-9 јули

вторник, 10 јули

Време Тема Место Група
9:00 – 17:00 Хакерски ден с.н. незадолжително присуство
Утринска пауза за кафе и ужина с.н. незадолжително присуство
Ручек с.н. незадолжително присуство
Попладневна пауза за кафе и ужина с.н. незадолжително присуство
17:00 – 19:00 Заедничка вечера на хакерите с.н. незадолжително присуство
19:00+ Хакерскиот ден продолжува с.н. незадолжително присуство

среда, 11 јули

Време Тема Место Група
9:00 – 17:00 Хакерски ден с.н. незадолжително присуство
9:00 – 17:00 Состанок на Одборот с.н. Одбор
Утринска пауза за кафе и ужина с.н. незадолжително присуство
Ручек с.н. незадолжително присуство
Попладневна пауза за кафе и ужина с.н. незадолжително присуство
13:00 – 17:00 Картографска екскурзија на OpenStreetMap Вашингтон учесници во OpenStreetMap
Групни екскурзии и вечера предводени од доброволци Вашингтон наменски групи

Распоред на конференцијата

четврток, 12 јули

Време Тема Место Група
7:00 – 9:00 Пријава1 с.н. сите учесници
9:00 – 10:20 Воведна реч и Пленум за пречек с.н. сите учесници
10:20 – 10:40 Утринска пауза и ужина с.н. сите учесници
10:40 – 12:00 Посебна конференциска седница: „Викијата во јавниот сектор“ с.н. наменски групи
10:40 – 12:00 Конференциски седници с.н. наменски групи
12:00 – 14:00 Скара на отворено! с.н. сите учесници
14:00 – 15:20 Посебна конференциска седница: GLAM и општествено делување с.н. наменски групи
14:00 – 15:20 Конференциски седници с.н. наменски групи
15:20 – 15:40 Попладневна пауза и ужина с.н. сите учесници
15:40 – 17:00 Конференциски седници с.н. наменски групи
навечер VIP-забава с.н. со покана
навечер Групни екскурзии и вечера предводени од доброволци Вашингтон доброволни групи

1 Пријавувањето ќе биде отворено во текот на целата конференција, но највеќе персонал ќе има во текот на двата часа пред отворањето (воведот).

петок, 13 јули

Време Тема Место Група
8:45 – 9:00 Почетни предавања с.н. сите учесници
9:00 – 10:20 Посебна конференциска седница: „Истражување и анализа“ с.н. наменски групи
9:00 – 10:20 Конференциски седници с.н. наменски групи
10:20 – 10:40 Утринска пауза и ужина с.н. сите учесници
10:40 – 12:00 Посебна конференциска седница: „Развој, инфраструктура и дизајн“ с.н. наменски групи
10:40 – 12:00 Конференциски седници с.н. сите учесници
12:00 – 14:20 Ручек со главна реч и Плакатни седници с.н. сите учесници
14:30 – 15:50 Посебна конференциска седница: „Културата и заедницата“ с.н. наменски групи
14:30 – 15:50 Конференциски седници с.н. наменски групи
15:50 – 16:10 Попладневна пауза и ужина с.н. сите учесници
16:10 – 17:30 Конференциски седници с.н. наменски групи
навечер Забава за учесниците Artisphere сите учесници

сабота, 14 јули

Време Тема Место Група
9:15 – 9:30 Почетни предавања с.н. сите учесници
9:30 – 10:00 Утринска пауза и ужина с.н. сите учесници
10:00 – 11:20 Конференциски седници с.н. наменски групи
11:30 – 12:50 Конференциски седници с.н. наменски групи
12:50 – 14:00 Ручек (плакатите остануваат) с.н. сите учесници
14:00 – 15:20 Конференциски седници с.н. наменски групи
15:30 – 16:50 Конференциски седници с.н. наменски групи
15:50 – 16:10 Попладневна пауза и „викиманиски“ колачиња! с.н. сите учесници
16:10 – 17:30 Завршна реч, Пленум и Претставување на конференцијата за 2013 с.н. сите учесници
навечер Групни екскурзии и вечера предводени од доброволви Вашингтон доброволни групи

Затворање

недела, 15 јули

Време Тема Место Група
10:00 – 17:00 Затворање - „Отконференција“! (незадолжително) с.н. незадолжително присуство
Утринска пауза и ужина с.н. незадолжително присуство
Ручек с.н. незадолжително присуство
Попладневна пауза за кафе и ужина с.н. незадолжително присуство
11:00 – ВикиЕкспедиција! Вашингтон незадолжително присуство