Jump to content

Washington, D.C./mk

From Wikimania 2012 • Washington, D.C., USA
   Општи информации      Историја      Топографија и клима      Превоз      Знаменитости      Култура и спорт      Туристички атракции      Каде да јадете      Каде на пијачка      Телекомуникации    

Вашингтон на Википедија: English · Afrikaans · العربية · Български · Català · Česky · Deutsch · Ελληνικά · Español · فارسی · Français · עברית · हिन्दी · Italiano · 日本語 · ქართული· 한국어 · Македонски · Polski · Português · Русский · Türkçe · Tiếng Việt · 中文

Прочуеното здание „Капитол“ - дом на Конгресот на САД.

Вашингтон (англ. Washington, D.C.), формално: Округ Колумбија (District of Columbia), е главен град на Соединетите Американски Држави. Основан е на 16 јули 1790 согласно одредбите од Член I од Уставот на САД, со кој се пропишува создавање на посебен округ како постојан главен град на државата. Затоа округот не е дел од ниедна сојузна држава, туку под непосредна управа на федералната влада. Лежи на северниот брег на реката Потомак и се граничи со сојузните држави Вирџинија на југозапад и Мериленд од другите страни. Градот има постојано население од 601.723; жители, а работни денови се накачува на милион луѓе кога жителите на предградијата доаѓаат на работа. Метрополското подрачје на Вашингтон (во чиј состав влегува округот) брои 5,4 милиони жители - осмо по големина во земјата.

Вашингтон е значаен културен и технолошки центар во Северна Америка и има многу музеи, библиотеки и други културни установи. Како седиште на федералната влада, градот создава огромен број на творби во јавна сопственост. Во 2012 се одржуваат претседателските избори, па затоа посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат оваа сезона на политички кампањи.

Меѓународен град

Во градот се сместени седиштата на трите рода на федералната влада, како и голем број државни и меѓународни организации. Во Вашингтон има 174 амбасади како и седиштата на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Организацијата на американските држави (ОАД), Меѓуамериканската развојна банка и Панамериканската здравствена организација. Како меѓународен град, Вашингтон е дом на големи доселенички заедници, вклучувајќи ја втората најголема етиопска заедница вон Етиопија, како и голем број на луѓе од Виетнам, Ел Салвадор, Мексико, Доминиканската Република и Колумбија[1] како и големо црнечко население. Во градот ќе најдете и различни верски заедници. На пример, 10,6% од населението се муслимани, а 4,5% се Евреи.

Технологија

Иако соседниот коридор Далес е седиште на AOL уште од самиот почеток, Вашингтон во меѓувреме стана центар на технолошкото претприемаштво, поради што Рејмонд Шилингер во Huffington Post градот го нарече „Силициумски Рид“[2] алудирајќи на Силициумската Долина во Калифорнија и вашингтонскиот Капитолскиот Рид. Во Вашингтон се сместени фирми како LivingSocial, Clearspring и JackBe. Постојната влада се интересира за програмска опрема со отворен код како начин на намалување на бирократијата и трошоците. Вашингтон има мошне активни заедници посветени на слободната програмска опрема и слободната култура, со редовни средби на DC Tech и минати настани како DrupalCon 2009, RubyNation 2011, JSConf 2010, Gov 2.0 Expo, Конференцијата на Здружението на американските библиотеки во 2010 и Меѓународната конференција за Семантичка пајажина (ISWC 2009).

Безбедност

Вашингтон е крајно безбеден, особено во северозападниот дел, кајшто се одржува конференцијата. Бројот на убиства е најмал од 1966 до денес.[3] Општо земено, во периодот од 1995 до 2007 бројот на насилства е намален за 47%. Кражбите во истиот период се намалени за околу 48%. Оставајќи го насилното минато зад себе, подрачјата Коламбија Хајтс и Логан Серкл денес се безбедни и живи места поради позитивниот тренд во намалувањето на криминалот во целиот Вашингтон и последиците од џентрификацијата. Покрај ова, секој ден во јавниот превоз има милиони патници, што е доказ дека е безбеден, за разлика од другите поголеми градови во САД, каде јавниот превоз е место на криминал. Иако Вашингтон се наоѓа во ураганско подрачје, сега не е сезона за урагани. Учесниците можат да очекуваат безбедна и пријатна посета на градот.

Белешки

Дел од овој краток преглед е прилагоден од статијата за Вашингтон на англиската Википедија.

  1. Население на Вашингтон по земји на потекло- Служба за латиноамерикански работи
  2. „Силициумски Рид: Расцутот на новата технолошка сцена во Вашингтон“, 3 март 2011
  3. Ланиер е задоволен од намалениот број на убиства во Вашингтон“ - The Washington Post, 1 јануари 2010

Поврзано

Надворешни врски