До Вашингтон
Вашингтон е поволно место за одржување на меѓународна конференција и има разни можности за превоз.
Авиосообраќај:
Карта на мрежата на Amtrak
Железница: Amtrak поаѓа од станицата „Јунион“, која ја опслужуваат линиите Acela Express, Capitol Limited, Cardinal, Carolinian, Crescent, Northeast Regional, Palmetto, Silver Meteor, Silver Star и Vermonter. На регионално ниво, до Вашингтон се стигнува со превозниците MARC и Virginia Railway Express.
Автобуси: Помеѓу Вашингтон и Њујорк непрестајно сообраќаат разни автобуски линии опремени со безжичен интернет. Превозниците Bolt Bus и DC2NY собираат и оставаат патници близу железничката станица „Јунион“, а DC2NY исто така собира и остава патници од кружниот тек Дјупонт Серкл. Tripper Bus и Vamoose собираат и оставаат патници од Бетезда и Рослин, кои се наоѓаат недалеку од градот.
Патишта: Вашингтон е и сообраќаен центар на државната магистрална мрежа, што значи дека е лесно и за оние што ќе патуваат со автомобил. Обиколницата Интерстејт 495 оди околу градот, а патот Интерстејт 95 го поврзува Вашингтон со градовите во североисточниот коридор и југоистокот на САД. На 5 часа возење од Вашингтон се следниве градови: Балтимор (1 ч), Ричмонд (2 ч), Филаделфија (3 ч), Питсбург (4,5 ч), Њујорк (4,5 ч) и Роли (4,5 ч).
Во градот
Метро-станиците Вашингтон се препознатливи по нивните високи сводови.
- Вашингтонското метро: Лесен и прилично ефтин начин да стигнете до центарот на Вашингтон. Цените се движат од $1,60 до $5, зависно од времето во денот и растојанието.
- Metrobus: Автобуска мрежа со многу разни станици во градот. Билетите зависат од линијата, $1,75 во готово и малку поефтино ако користите картичка „SmarTrip“. Експресните билети до аеродром чинат $6.
- DC Circulator: Автобус што поврзува разни популарни населби. Цената изнесува $1.
- Capital Bikeshare: Систем на јавни градски велосипеди во Вашингтон и Арлингтон. Еден ден чини $5, а пет дена чинат $15. Цените зависат од тоа за колку долго изнајмувате.
- Такси има насекаде и користат таксиметри. Почетна цена е $3 за првата 1/6 милја, а потоа $0,25 за секоја следна 1/6 милја. Максималниот износ е $19. Броевите на диспечерските служби се (202) 387-6200 и (202) 829-4222. (пресметувач на возења)
- Печашењето исто така е добар начин да се стаса на многу места, бидејќи Вашингтон е многу погоден за пешаци.
References
- ↑ За аеродромот „Роналд Реган“ - Управа на вашингтонските аеродроми
- ↑ Меѓународен аеродром „Далес“Управа на вашингтонските аеродроми
- ↑ Летови без престан - Аеродром „BWI“
|