Вашингтонското метро: Лесен и прилично ефтин начин да стигнете до центарот на Вашингтон. Цените се движат од $1,60 до $5, зависно од времето во денот и растојанието.
Metrobus: Автобуска мрежа со многу разни станици во градот. Билетите зависат од линијата, $1,75 во готово и малку поефтино ако користите картичка „SmarTrip“. Експресните билети до аеродром чинат $6.
DC Circulator: Автобус што поврзува разни популарни населби. Цената изнесува $1.
Capital Bikeshare: Систем на јавни градски велосипеди во Вашингтон и Арлингтон. Еден ден чини $5, а пет дена чинат $15. Цените зависат од тоа за колку долго изнајмувате.
Такси има насекаде и користат таксиметри. Почетна цена е $3 за првата 1/6 милја, а потоа $0,25 за секоја следна 1/6 милја. Максималниот износ е $19. Броевите на диспечерските служби се (202) 387-6200 и (202) 829-4222. (пресметувач на возења)
Печашењето исто така е добар начин да се стаса на многу места, бидејќи Вашингтон е многу погоден за пешаци.