Визи

From Wikimania 2012 • Washington, D.C., USA
This page is a translated version of the page Visas and the translation is 100% complete.

Напомена: Оваа страница не нуди правен совет.

Безвизен режим

На државјаните на следниве земји не им треба виза за влез во Соединетите Американски Држави:

  • Австралија
  • Австрија
  • Андора
  • Белгија
  • Бермуда
  • Брунеј
  • Германија
  • Грција
  • Данска (вклучувајќи ги Гренланд и Фарските Острови)
  • Естонија
  • Ирска
  • Исланд
  • Италија
  • Јапонија
  • Јужна Кореја
  • Канада (не се бара пријава на интернет [ESTA])
  • Латвија
  • Литванија
  • Лихтенштајн
  • Луксембург
  • Малта
  • Монако
  • Норвешка
  • Обединето Кралство (само со полно државјанство)
  • Португалија (вклучувајќи ги Азорите и Мадеира)
  • Сан Марино
  • Сингапур
  • Словачка
  • Словенија
  • Унгарија
  • Финска (вклучувајќи го Оланд)
  • Франција
  • Холандија (вклучувајќи ги Аруба, Бонер, Курасао, Саба, Свети Евстахиј и Свети Мартин)
  • Чешка
  • Швајцарија
  • Шведска
  • Шпанија

Државјаните на овие земји немаат потреба од виза за влез во Соединетите Американски Држави, но мора да поднесат барање за патна дозвола на интернет, користејќи ESTA. Ова овластување чини USD 14, се плаќа само со кредитна картичка и важи две години. Државјаните на Канада немаат потреба од ESTA.

Останати земји

Државјаните на останатите земји имаат потреба од виза B-1 или B-2, што претставува привремена, неиселеничка виза за деловни или разонодни цели.

Помош со визи

Ќе ви помогнеме да се подготвите за закажаниот разговор за виза со тоа што:

  • Ќе однесете наше писмо со покана, кое ќе ви го добиете откако пријавите за Викиманија.
  • Директно ќе ја информираме амбасадата или конзулатот за вашето учество на Викиманија.

Ние сме во потесна соработка со службата „E-дипломатија“ (E-Diplomacy) на Стејт Департментот како наш партнер во организирањето на Викиманија. Конечната одлука за доделување на виза е во рацете на конзуларниот службеник, но ние ќе се потрудиме да ви помогнеме најдобро што можеме со писмо и известување на амбасадата или конзулатот.

Ако имате прашања или ви треба помош, обратете се на wikimania-registration@wikimedia.org.