Вашингтон зафаќа вкупна површина од 177 км2, од кои 159 км2 се земја, а 18 км2 (10,16%) се вода. Територијата на округот е отстапена од сојузната држава Мериленд. Затоа, Вашингтон се граничи со Мериленд на југоисток, североисток и северозапад и со Вирџинија на југозапад. Низ округот течат три поважни реки: Потомак и притоките Анакостија и Рок Крик.
Највисокото место во Округот Колумбија е котата „Рено“ во паркот Форт Рено (населба Тенлитаун) со 125 м надморска восичина. Најниска точка е морското ниво на реката Потомак.
Околу 19,4% од Вашингтон се состои од паркови и зеленила, и со тоа, заедно со Њујорк, се наоѓа на првото место по парковски површини меѓу густо населените градови во САД.
Пролетта и есента се топли, а зимата е свежа. Летата се топли и влажни, со просечна јулска дневна температура од 26,2°C (79,2°F) и просечна релативна влажност на воздухот од 66%. Топлината и влажноста мошне често носат невреме со грмотевици, повремено предизвијувајќи торнада во околината.
Највисоката забележана температура изнесува 41°C (106°F), евидентирана на 20 јули 1930 и 6 август 1918.
Очекувани временски прилики во текот на конференцијата
Просечната температура во јули изнесува 26,2°C (79,2°F), со висока влажност (66%).
средна јулска температура - максимална
31,28°C (88,3°F)
средна јулска температура - минимална
20,17°C (71,1°F)
средни јулски вкупни врнежи
93 мм (3,66 инчи)
Бидете подготвени
Поради топлината и лепливоста на летото во Вашингтон, облекувајте се во тенки алишта што ќе ви бидат удобни и лесно ќе дишат на вас.
Понесете си лосион за сонце, за да не изгорите.
Понесете удобни чевли за пешачење. Вашингтон е многу погоден за шетање.
Понесете си мантил за дожд или мал чадор, во случај да ве фати дождот!