From Wikimania 2012 • Washington, D.C., USA
Jump to navigation
Jump to search
|
Претстави и музика
Центарот за изведбени уметности „Џон Ф. Кенеди“ е сместен на кејот на реката Потомак.
Вашингтон е центар на уметностите во земјата. Во Центарот за изведбени уметности „Џон Ф. Кенеди“ е дом на Националниот симфониски оркестар, Вашингтонската национална опера и Вашингтонскиот балет.
Други истакнати установи како Националниот театар, театарот „Ворнер“, и Уставната сала „ДАР“ одржуваат изведби на ансамбли од целата земја. Во градот работи и историскиот Фордов театар, место на атенатот на претседателот Абрахам Линколн, кој денес е воедно и музеј.
Градот има и свои автохтони музички правци, како Д.Ц. хардкор и енергетичниот фанк гоу-гоу.
Спорт
Центарот „Веризон“ во Кинеската четврт („Чајнатаун“)
Вашингтон има пет значајни машки екипи и една женска. „Вашингтон Визардс“ (НБА), „Вашингтон Капиталс“ (НХЛ) и Вашингтон Мистикс (ВНБА) играат во центарот „Веризон“ во Кинеската четврт („Чајнатаун“). Во југоисточниот дел на градот се наоѓа неодамна отворениот стадион „Нешаналс Парк“, дом на Вашингтон Нешаналс (Главна безбол лига). Ди-Си Јунајтед (МЛС) играат на стадионот РФК, а Вашингтон Редскинс (НФЛ) играат во ФедЕксФилд во Ландовер, недалеку од Вашингтон.
Поврзано
|
|