ЧПП

From Wikimania 2012 • Washington, D.C., USA
This page is a translated version of the page FAQ and the translation is 100% complete.

Добредојдовте на страницата „Често поставувани прашања“ (ЧПП) за Викиманија 2012! Доколку имате прашања кои не се наведени, слободно пишете ни или поставете ги на бирото за информации.

Општи информации

Што е Викиманија?
Конференција за луѓето што работат на проектите на Фондацијата Викиманија (претежно на прочуената Википедија) и други што се заинтересирани за викија, слободни и отворени содржини/програмска опрема и глобален развој/образование. Повеќе ќе дознаете на Мета и на Википедија.
Кога ќе се одржува годинашната Викиманија?
Викиманија 2012 ќе се одржи во аудиториумот „Лиснер“ (Lisner Auditorium) и центарот „Марвин“ (Marvin Center) во состав на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ (George Washington University) во градот Вашингтон.


Кога ќе се одржува годинашната Викиманија?
  • Средби на програмерите („Хакатон“, „Хакерски ден“) - вторник и среда, 10 и 11 јули 2012.
  • Главна конференција - четврток – сабота, 12–14 јули 2012.
  • Затворањето (Unconference) ќе се одржи во недела 15 јули 2012.

Локални информации

Што е и каде е Вашингтон?
Вашингтон е главен град на САД. Се наоѓа во средноатлантскиот регион, околу 4 часа јужно од Њујорк.
Кои јазици се говорат во градот?
Главен јазик е англискиот, а малцински е шпанскиот и други помалку застапени јазици.
Какво е времето во лето?
Топло и влажно, редовно над 32°C (90°F).
Каква облека да понесам?
Тенки алишта, дефинитивно.
Каква струја и телекомуникации користите?
Струјните втикнувачи во САД се од тип A и B, со 120 волти и 60 херци. Мобилните оператори работат на GSM и CDMA.
Која валута користите?
Во САД се користи американскиот долар. Менувачници ќе најдете на аеродромот.
Можам ли да плаќам со кредитна картичка?
Да. На највеќето места може да се плати со кредитни картички како Visa, MasterCard и Discover.
Во кој часовен појас е Вашингтон?
Додека трае Викиманија, ќе важи источното летно време, што е UTC-4.
На кој број да вртам ако ми затребаат итните служби?
На 9-1-1.

Пријава и сместување

Какви видови на сместување има на располагање?
Погледајте ја страницата „Сместување“.
Дали се вклучени оброци?
Во цената на пријавата влегува појадок и ручек (рано попладне). Главниот оброк (вечерата) и други јадења не влегуваат во цената, но во близината имаме ресторани.
Во колку часот треба да се одјавам кога ќе заминувам од таму кајшто сум сместен?
Има ли вежбална или справи во/близу сместувањето?
Дали цените на сместувањето за учесниците ќе бидат познати неделата пред или неделата по конференцијата, за да можам да го продолжат престојот?
Пристигам доцна во ноќта - што да правам?

Стипендии

Поврзано: Главни ЧПП за стипендии.
Како да добијам стипендија?
Повеќе информации на страницата „Стипендии“.
Поднесов барање за стипендија. Кога ќе знам дали ми е одобрена?
Комитетот за стипендии ќе ги разгледа барањата (ќе има стотици) и ќе ве контактира кога ќе донесе одлука.
Добив стипендија. Како ќе ми се надоместат трошоците?

Превоз и визи

Дали ќе ми требаат други документи за влез во САД покрај пасош?
Посетителите од извесни земји треба да добијат виза за да можат да влезат во САД. Отпочнете го барањето за виза штом ќе ви ја потврдат пријавата за присуство, особено бидејќи постапката трае долго време. Повеќе информации на страницата „Визи“. Оние што доаѓаат од земјите со безвизен режим сепак ќе треба на интернет да пополнат образец, согласно барањата на програмот за Електронски систем за патна дозвола.
Како се меѓународните летови?
Погледајте ја страницата „Летови“.
Дали на граница ќе ми стават печат на пасошот?
Да, кога влегувате во земјата, цариник ќе ви стави печат во пасошот. Покрај ова, ќе ви земат отпечатоци и ќе ви ги сликаат очите. Погл. водичот за влегување во САД.
Помош! На аеродром сум. Како да стигнам до градот?
  • Вашингтонски национален аеродром „Роналд Реган“ (DCA): Со метро до станицата ██████████. Метрото отвара во 05:00 од понеделник до петок и 07:00 за викенд, а затвора на полноќ од недела до четврток и во 03:00 во петок и сабота.
  • Вашингтонски меѓународен аеродром „Далес“ (IAD): Со автобусот Washington Flyer (US$10.00, во готовина или со кредитна) од аеродромот до метро-станицата „Вест Фолс Черч“ на портокаловата линија, а потоа од таа станица со метро до станицата ██████████.
  • Балтиморско-вашингтонски меѓународен аеродром „Тургуд Маршал“ (BWI): Со автобусот B30 (US$6.00 во готовина, или со картичка SmarTrip) до метро-станицата „Гринбелт“ на зелената линија.
Помош! Дојдов во градот. Како да стигнам до местото на одржување?
Помош! Ќе треба да дојдам до местото на одржување со такси.

Конференција и распоред

Сакам да поднесам предавање. Каде да го пријавам?

Презентацијата (предавањето) се пријавува на страницата „Поднесување на предлози“ со рок до 18 март.

Општи прашања

Кој ќе говори?
Погледајте го Распоредот.
Кога ќе се одржи големата забава за учесниците?
Забавата за учесниците ќе се одржи во петок навечер.
Кои други настани ќе се одржуваат?

Во Њујорк ќе се одржи „Викиманија во Мехнетен“ локалниот градски огранок на Викимедија и ќе има за цел да ги истражи местата од културно значење во градот. Пријавете се ако сте заинтересирани!

Туризам

Што има за посетување и занимавање пред/по конференцијата?
Кога ќе бидат таму другите?
Дали е вообичаено да се даваат бакшиши и напојници?
Бакшишите се даваат само во ресторани и хотели. Во ресторанските сметки не е вклучена услугата, па затоа се очекува доплата од 15% за келнерот. Сето над таа сума се смета за благодарност за добра услуга. Давањето бакшиш не се очекува во самоуслужните ресторани и тезгите за храна. Носачот во хотелот треба да добие напојница (или пак носете го сами багажот, што е исто така вообичаено).

Разно

Каква ви е храната во градот? Имам посебни потреби во исхраната. Што да правам?
Која е адресата на...? Телефонскиот број на...?
Погледајте: „Адресар
Дали ќе можам да го користам мојот моблен телефон? Можам ли да изнајмам мобилен?
Дали да го донесам преносниот (лаптопот)? Ќе има ли безжичен интернет?
Безжичен интернет ќе има во местото на одржување на настаните и во хотелските лобија. Некои (но не сите) хотелски соби имаат безжичен интернет без доплата.
Имам презентација со која ќе предавам. Како да ја донесам?

Донесете ја на флеш, на ЦД или на самиот сметач: имајте на ум дека организаторите мора да ја добијат презентацијата еден ден пред настанот за да ја проверат дали ќе работи правилно. Можете и да им ја испратите по е-пошта. За што и да се одлучите, подигнете ја и на Ризницата со слободна лиценца (или на ова вики ако не сте имател на авторското право на неа) и заведете ја во категоријата „Wikimania 2012 presentation slides‎“; ова можеме да го направиме и ние по презентацијата (освен ако не се изјасните дека не сакате).

Како ќе ги добивам известувањата за Викиманија?
  • Пред конференцијата – Навраќајте на ова мрежно место или пријавете се за wikimania-l, кој е поштенски список за сето она што е поврзано со Викиманија.
  • Во текот на конференцијата – На местото за пријавување ќе се истакнуваат соопштенија за промени и известувања.
Која тарабна ознака да ја користам за на Tweeter и на слики?
Користете #wikimania општо за целата конференција. Тарабните ознаи за поединечните презентации и седници ќе бидат истакнати во нивните простории.