Стипендии

From Wikimania 2012 • Washington, D.C., USA
This page is a translated version of the page Scholarships and the translation is 95% complete.
Outdated translations are marked like this.
Update: The scholarship applications are now closed and under review by the Scholarship Committee. Recipients will be notified in early April. Thanks to all the great applicants; we appreciate your patience!



Стипендиски програм на Викиманија 2012

Вашингтон


VIII меѓународна конференција „Викиманија 2012“ се одржува од 12 до 15 јули 2012 во Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во градот Вашингтон, САД. Фондацијата Викимедија и неколку нејзини ограноци (Викимедија Австрија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Швајцарија и Британија) нудат ограничен број на стипендии како помош за трошоците за посета на Викиманија на извесни одбрани лица.

За Викиманија 2012 се нудат полни и делумни стипендии:

  • Полните стипендии покриваат повратен авиобилет, сместување во интернат и трошоци за пријава.
  • Делумни стипендии покриваат до €300 од патните трошоци.

Цели на програмата

  • Викиманија 2012 да биде успешна и делотворна меѓународна конференција.
  • Да се поддржат проектите на Викимедија со поттикнување на учество во нив.
  • Да се збогати конференцијата со посетеност од најразлични групи на учесници од движењето на Викимедија.

За пријавувањето за стипендија

Дали би сакале да ги запознаете стипендистите од изминатите години?

За да дознаете повеќе за тоа какви кандидати успешно добиваат стипендија, запознајте некои од ланските! Понатаму ...

Подобност (кој може да се пријави за стипендија): Секој активен учесник во проект на Викимедија и/или доброволец во друго својство, од било кој дел на светот. Исто така би сакале да ги поканиме да се пријават и учесниците во други иницијативи за слободно знаење и слободна програмска опрема и иницијативи од соработен и/или образовен карактер.

Избирање: Сите пријавници ги разгледува Комитетот за избор на стипендисти. Критериумите за избор ги определува Комитетот во согласност со целите и главните насоки на Викиманија и Викимедија. Повеќе за критериумите и постапката на избирање ќе прочитате во делот „Избирање на стипендисти.

Краен рок за пријавување: Крајниот рок за доставување на пријавници беше 16 февруари 2012 во 23:59:59 UTC. Резултатите од разгледувањето ќе им бидат соопштени на кандидатите во средината или кон крајот на март.

Повеќе информации за Стипендискиот програм на Викиманија 2012 ќе најдете на страницата „ЧПП“.

Постапка

Комитетот за избор на стипендисти ги оценува кандидатите врз основа на стандардизиран збир од критериуми. Се очекува следниов распоред на настани:

  • 16 јануари – 16 февраури 2012 – пријавувањето е отворено
  • јануари – почеток на март 2012 – Комитетот ги разгледува пријавниците
  • крај на март – Кандидатите се известуваат за конечните одлуки

Стипендиите на Фондацијата Викимедија ќе бидат распоредени по региони во светот, и тоа на следниов начин:

Африка 10%
Азија и Океанија 30%
ЗНД 10%
Европа 10%
Близок Исток и Северна Африка (МЕНА) 10%
Северна Америка 10%
Јужна/Латинска Америка 20%
Регионите ги утврди Меѓународниот телекомуникациски сојуз (ITU)

Критериумите за избирање (погл. подолу) ќе се применат во оценувањето на сите пријавници, но ќе се споредуваат со другите пријавници во рамките на даденото подрачје. Комитетот го задржува правото да отстапи од овие определници во отстуство на достатно подобни кандидати.

Видови на стипендии

За Викиманија 2012 се нудат делумни и полни стипендии.

  • Полните стипендии покриваат повратен авиобилет, сместување во интернат и трошоци за пријава.
  • Делумни стипендии покриваат 300 евра од патните трошоци.

Истите критериуми за избор важат за двата вида на кандидати. Во пријавницата посочете дали би прифатиле делумна стипендија доколку не ја добиете полната. Бидејќи не вршиме проверки за финансиски средства, претпоставуваме дека сите што ќе штиклираат „делумна стипендија“ навистина сакаат да ја прифатат делумната стипендија за да им дадат шанса за учество на оние со помали финансиски можности.

Критериуми за избирање 2012

Критериуми за избирање: Главни критериуми
Активност во движењето на Викимедија (на вики или вон вики)
Активност вон Викимедија (во складни организации)
Цели на идното учество во движењето на Викимедија

Кандидатите ќе се оценуваат по следниве три параметри: (А) Тековен/историски степен на учество во Викимедија (50% од вкуп. бодови), (Б) Тековен/историски степен на учество во други иницијативи од соработен и/или образовен карактер, иницијативи посветени на слободното знаење или на слободната програмска опрема (15% од вкуп. бодови) и (В) Идните цели за учество во движењето на Викимедија (35% од вкуп. бодови)

Активност во Викимедија (50%)

Кандидати активни во Викимедија се оние со големо учество во проектите на Викимедија: уредници, Викимедијанци и членови на заедницата кои ќе придонесат на Викиманија со своето искуство, знаење и посветеност на активностите на и/или вон интернет, како заангажираност во огранок, викисредби и тн. To highlight this, кандидатите можат да напишат за нивните искуства при учеството во Википедија на интернет (како уредување) и нивните активности вон интернет (како викисредби, GLAM и програмот за Универзитетски претставник).

4 = Учесник од многу висок степен - постојано ангажиран и има голем удел во два или повеќе проекти, огранок или Викимедиина иницијатива (или пак „многу висок степен“ според мислењето на оценувачите)
3 = Учесник од висок степен - постојано ангажиран и има голем удел во два или повеќе проекти, огранок или Викимедиина иницијатива (или пак „висок степен“ според мислењето на оценувачите)
2 = Учесник од среден степен - постојано ангажиран и има среден удел во еден или повеќе проекти, огранок или Викимедиина иницијатива (или пак „среден степен“ според мислењето на оценувачите)
1 = Учесник од низок степен - релативно нова, малку уредувања и малку учество во Викимедиин проект или иницијатива.
0 = Не е учесник - сосем нова сметка или речиси ниедно уредување, и не учествува во ниеден Викимедиин проект или иницијатива.

Активност вон Викимедија (15%)

Активноста вон Викимедија ја изразува релевантната ангажираност на кандидатот вон движењето на Викимедија. Тука спаѓаат активноти поврзани со ИКТ, слободна програмска опрема, образовни установи и тн. Овие учестници може да се иновативни, да учествуваат во други аспекти од движењето за слободна култура/отворен пристап.

Ова е мерка за оние што покажуваат потенцијал за да дадат свој удел во движењето на Викимедија, што можат да го подобрат и развијат овој потенцијал во/со Викиманија, и можат да го распространат таму наученото во нивните заедници. Кандидатите можат да напишат за нивното искуство со други организации од споредлив тип, доколку го имаат.

4 = Учесник од висок степен - ангажиран во други иницијативи за слободно знаење, слободна програмска опрема, иницијативи од соработен или образовен карактер со многу висок потенцијал за да ѝ биде од корист на Викимедија.
3 = Учесник од висок до среден степен - ангажиран во други иницијативи за слободно знаење, слободна програмска опрема, иницијативи од соработен или образовен карактер со висок потенцијал за да ѝ биде од корист на Викимедија.
2 = Учесник од среден степен - ангажиран во други иницијативи за слободно знаење, слободна програмска опрема, иницијативи од соработен или образовен карактер со извесен потенцијал за да ѝ биде од корист на Викимедија.
1 = Нов учесник од низок степен - ангажиран во други иницијативи за слободно знаење, слободна програмска опрема, иницијативи од соработен или образовен карактер со мал потенцијал за да ѝ биде од корист на Викимедија.
0 = Не е учесник - не е ангажиран во други иницијативи за слободно знаење, слободна програмска опрема, иницијативи од соработен или образовен карактер.

Идни цели за учеството во движењето на Викимедија (35%)

Кандидатите треба да имаат конкретни цели за тоа како посетата на Викиманија ќе влијае врз нивниот иден развој во рамките на движењето на Викимедија. Во пријавницата треба да изложат зошто се заинтересирани да учествуваат на Викиманија: што можат да ѝ понудат на конференцијата и што мислат дека ќе добијат од неа.

4 = Многу силна желба за идно учество во движењето на Викимедија; оформени и конкретни идеи за тоа како неговите уникатни способности, стилови и интереси можат да се искористат за подобрување на движењето на Викимедија
3 = Силна желба за идно учество во движењето на Викимедија; неколку помалку осмислени идеи за тоа како неговите уникатни способности, стилови и интереси можат да се искористат за подобрување на движењето на Викимедија
2 = Извесна желба за идно учество во движењето на Викимедија; преопшти и недооформени идеи за тоа како неговите уникатни способности, стилови и интереси можат да се искористат за подобрување на движењето на Викимедија
2 = Мала или нејасна желба за идно учество во движењето на Викимедија; нејасни и необмислени идеи за тоа како неговите уникатни способности, стилови и интереси можат да се искористат за подобрување на движењето на Викимедија
0 = Не очекува во иднина да учествува во Викимедија

Стипендии од ограноците

Неколку ограноци на Викимедија нудат посебни стипендии за учесници од нивното географско подрачје.

Сите пријавници ќе бидат прибрани од главната страница за стипендии, а потоа ќе се распределат по ограноци. Неодобрените стипендии ќе бидат вратени во општиот фонд на кандидати за глобални стипендии.

  • Викимедија Австрија:
  • Викимедија Германија:
    • 15 полни стипендии за учесници што живеат во Германија.
  • Викимедија Франција:
    • стипендии во вредност од €10.000 за учесници по избор на Викимедија Франција (членови на огранокот, други лица што говорат француски и тн.) и уште €10.000 за глобалниот стипендиски фонд.
  • Викимедија Унгарија:
    • 6 делумни стипендии, со вкупна вредност од 900.000 HUF (околу USD 3.600), за авиобилети, сместување и трошоци за пријава. Стипендиите ќе бидат искористени како дополнување на меѓународните делумни стипендии и како помош за оние што не добиле меѓународни стипендии.
  • Викимедија Израел:
    • 4 стипендии, секоја до USD 2.000 за авиобилети, сместување и некои поситни трошоци
  • Викимедија Швајцарија (4500CHF или ~$4.800 USD), со предност за државјани на Швајцарија или активни учесници на еден од проектите на јазиците во Швајцарија (германски, француски, италијански).
  • Викимедија Британија:
    • стипендии во вредност од £5.000 за учесници од Велика Британија.

Прашања

Повеќе информации за Стипендискиот програм на Викиманија 2012 ќе добиете на страницата „Прашања и одговори“.

Пријава

Пријавувањето за стипендии заврши на 16 февруари 2012